Муцунски со честитки до новиот шеф на бугарската дипломатија, побарал зајакнување на партнерството

од Nikola Popovski
48 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски остварил телефонски разговор со новоизбраниот министер за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, оценувајќи го како пријателски.

-Му честитав на изборот и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, напиша Муцунски во објавата на својот профил на социјалната мрежа „Х“.

Во интервју пред два дена, Муцунски рече дека го познава Георгиев и дека Владата е подготвена да разговара со политичката влада во Бугарија за предлогот за промена на Уставот, кој би стапил на сила со одложено дејство, што според Владата во Скопје ќе создаде предвидливост за евроинтеграциите на земјава.

Според него, Македонија е подготвена на компромис со Софија, но не по секоја цена, а меѓу прашањата што владата во Скопје сака да ги отвори во евентуалните преговори со новата бугарска влада е ревизијата на Протоколот за спроведување на Договор за добрососедство.

Слични содржини