Хју Грант со шокантна исповед: „Двапати го отрув семејството, им дадов црви“

од Nikola Popovski
47 прегледи

Актерот Хју Грант ги изненади сите со една шокантна исповед. Откри дека е многу лош во кујната и дека несвесно два пати го отрул семејството.

„Двапати го отрув семејството, им дадов црви. Недоволно варено пилешко. Разберете дека беше темно. Беше на скара, користев термометар, но не можев добро да прочитам. Послужив оброк – црви за сите. Сега моите деца ме молат да не готвам“, изјавил тој за британски „Вог“.

„Јас не сум готвач, но мислев дека термометарот е доволно прецизен. Излегува дека не било. „Да научите како правилно да подготвувате храна е клучно, не само за вкусот, туку и за здравјето на вашето семејство“, додаде актерот.

Тој откри и дека во една прилика, за време на вечера со неговата колешка Сара Џесика Паркер, тој самиот за малку ќе умрел.

„Сара ми кажуваше нешто толку фасцинантно што вдишав парче пилешко. Морав да одам во тоалет. За среќа, лекар од Тексас ме спаси, изјавил Грант за споменатиот медиум.

Слични содржини