Емисионите вредности од Макстил до триесет пати пониски од дозволените

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил во последниот квартал од 2024 година покажуваат минимални вредности кои се и до 30 пати пониски од дозволените.

Во овој период (октомври-декември 2024), според мерењата на двете мерни точки, емисиите на цврсти честички се од три до триесет пати пониски од оние што се пропишани како гранично дозволени од Министерството за животна средина, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

На мерна точка Оџак од филтер постројка каде граничната вредност е 20 микрограми на метар кубен, најниската вредност во последните три месеци од 2024 година била измерена во месец ноември и изнесува 0,6 микрограми на метар кубен, а највисоката во месец декември изнесува 1,15 микрограми на метар кубен (mg/Nm3).

Мерењата од октомври до декември 2024 година на мерна точка Оџак од пескара покажуваат дека најниската вредност на емисии е измерена во декември и изнесува 3 микрограми на метар кубен, а највисоката е во ноември – 7,72 микрограми на метар кубен. Дозволената гранична вредност на оваа точка изнесува 30 микрограми на метар кубен.

Намалувањето на емисиите на цврсти честички од оџаците е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси со кои се контролира производството и е во согласност со општествено одговорниот однос на компанијата за минимизирање на негативните влијанија врз животната средина.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички од двете мерни точки за цела 2024 годинa, каде што се гледа дека во текот на сите месеци кога активно работи компанијата, тие се значително пониски од граничните вредности.

Слични содржини