Нејмар: Кога дојде Меси во ПСЖ, Мбапе беше малку љубоморен

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Во Париз имаше се – титули и пари – но го немаше она на што клубот се уште се надева денес – трофејот во Лигата на шампионите.

И тогаш пристигна Меси. Тогаш „зовреа“ работите, вели во поткаст фудбалерот на Ал-Хилал и поранешен играч на Барселона и ПСЖ – Нејмар.

„Кога дојде Меси, Мбапе беше малку љубоморен, не сакаше да ме дели со него. Но, така почнаа расправиите во соблекувалната, тој почна да го менува однесувањето. Ние тројца имавме свои расправии, судири. Тој беше човек на кој сите гледаа како клучен играч во тимот. Постојано го нарекував „златно момче“. Разговарав со него, постојано му кажував дека може да биде еден од најдобрите, му помогав“, изјави Нејмар за поткастот на легендарниот Ромарио.

Слични содржини