Рокас: Македонија треба да го искористи вистинскиот моментум во ЕУ за проширување

од Nikola Popovski
28 прегледи

„Сите политички партии мора континуирано да придонесуваат за зајакнување на улогата на Парламентот како форум за конструктивен и инклузивен политички дијалог, со цел да се забрзаат реформите за пристапување во Европската унија“, повика денеска амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас на првата седница на Националниот совет за евроинтеграции на овој парламентарен состав.

Рокас порача дека треба да се искористи моментот за почеток на преговорите за влез во Унијата.

„Би сакал да ве охрабрам да го искористите моментот за проширување. Има вистински моментум, има вистинска посветеност. Од наша страна, ние сме посветени и подготвени да ви помогнеме да го отворите патот кон Европската Унија. Како што сите видовте во последните извештаи од Брисел, постои голем интерес и добра волја во Република Северна Македонија да го отвори првото поглавје од преговорите. Новиот претседавач на Советот, новиот комесар за проширување и заменик-претседателот на Комисијата Калас, сите ја изразија својата поддршка за вашиот пат кон ЕУ“, рече евроамбасадорот.

Тој ги повика пратениците максимално да ја искористат оваа можност, пред сè, да ги искористат придобивките на граѓаните кои сакаат да бидат дел од Европската Унија.

Амбасадорот на ЕУ истакна и дека изборите и именувањата „на одредени позиции во државните институции и агенции треба да бидат навремени и засновани на заслуги“ и дека европското знаме треба да се користи само во случаи кога законите се усогласени со законодавството на Европската унија.

„Новиот парламентарен состав мора да ја забрза својата работа и да продолжи со реформите неопходни за евроинтегративниот процес во земјата, вклучително и уставните амандмани. Собранието мора да го одобри дневниот ред со кој ќе се намали употребата на процедури во скратена или итна форма на закони и да се внимава на правилна употреба на европското знаме, процедура која беше евидентна во минатото. Употребата на европското знаменце во постапката мора да биде поврзана само со законите кои имаат за цел да се усогласат со законодавството на Европската унија и да се засноваат на сеопфатни консултации, вклучително и консултации со Европската комисија“, кажа Рокас.

Осврнувајќи се на извештајот на ЕК, тој рече дека десетте пратеници го завршиле својот мандат на задоволително ниво, имало политичка поларизација и, како што рече, „има одредено доцнење во именувањето на одредени функции во државните институции“.

Слични содржини