Екс претседателот на Јужна Кореја и официјално уапсен поради прогласување воена состојба

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол беше официјално уапсен рано утринава, откако судот му одреди притвор до 20 дена поради накратко прогласување воена состојба во земјата на 3 декември.

Јун е првиот јужнокорејски претседател кој е приведен во модерната историја на земјата, пишува Јонхап.

Судијата на Окружниот суд во Сеул одобри налог за апсење на Јун, наведувајќи го ризикот од уништување на доказите, а со налогот истражителите можат да го задржат Јун до 20 дена, вклучувајќи ги и деновите што тој веќе ги поминал во притвор од средата, кога тој е уапсен.

Слични содржини