212
Грчките земјоделци се закануваат со блокади на патиштата, што може да предизвика проблем и за патниците и возачите од Македонија и од Бугарија.
Земјоделците во четврток ќе ја организираат првата блокада во северниот дел на Грција. Се очекуваат одлуките од земјоделците од Лариса и Јанина, а земјоделците од Пела јавуваат дека ќе учествуваат на протестите.
„Излегуваме со тракторите на патиштата“, најавуваат земјоделците по националниот состанок во Лариса.
Блокадите ќе се одвиваат во целиот регион, но не прецизираа точно каде ќе го стопираат сообраќајот. Земјоделците бараат даночни олеснувања и повторно преговарање за Заедничката земјоделска политика, режимот на субвенционирање на Европската унија.