Општина Карпош: Патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно е небезбеден, утринава регистрирани повеќе возила заглавени во снег

од Milan1
51 прегледи

Општина Карпош соопшти дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица.

– Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.

Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот, информираат од општината.

Оттаму додаваат дека патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото.

Слични содржини