Андреј Стојановски од Скопје, прв доплива до светиот крст во Бар, Црна Гора

од Milan1
40 прегледи

По повод празникот Богојавление Водици денеска на Градската плажа пред замокот на крал Никола се одржа традиционално пливање за светиот крст.

Учествуваа повеќе од 200 пливачи од сите генерации, повеќето млади. Голем број на гледачи ги бодреа од брегот.

Дваесетгодишниот Андреј Стојановски од Скопје, Македонија, прв доплива до крстот. Тој е студент на Факултетот за туризам во Дубровник, а како што рече неговата мајка, ова е четврти пат да плива за крстот. Два пати пливаше во Охрид и еднаш во Дубровник. Од Скопје до Бар отпатува специјално за да плива за Богојавленскиот крст и на негово големо задоволство прв стигна до него.

Парохискиот свештеник од Бар, протоереј-ставрофор Слободан Зековиќ, како награда му подари сребрен крст на свети Јован Владимир, кој, како што појасни, ќе остане во негово трајно поседување, а до следните Водици иконата од Пресвета Богородица и крстот што го извади од морето ќе бидат во неговиот дом, „да го благослови него и неговото семејство“.

Најмлад учесник беше едногодишниот Вукан Мирановиќ, а најстар седумдесет и шестгодишниот Мило Драговиќ.

Слични содржини