Папата го нарече „срамен“ планот на Трамп да ги депортира имигрантите

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе започне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, откако ќе ја преземе функцијата.

Во интервју за италијанскиот телевизиски канал Canale 9, Папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за шефот на Католичка црква.

Франциск, духовниот водач на 1,4 милијарди католици, обично внимателно ги избира своите зборови кога зборува за политички прашања.

Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.

„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече Папата.

И претходно го критикуваше Трамп, велејќи дека не е христијанин

Прифаќањето и пречекот на мигрантите беше една од клучните теми на Папата во текот на неговиот 12-годишен понтификат. Тој претходно ја критикуваше антиимигрантската политика на Трамп, а во 2016 година го обвини дека „не е христијанин“.

Претстојната американска администрација најави голема рација во Чикаго за откривање и депортирање илегални имигранти, но Трамп повторно го разгледува тој план.

Сепак, критиките за антиимиграциските политики на Трамп не се единствените кога станува збор за отстапувањето од воздржаноста на Франциск за чувствителните политички прашања. Во март 2024 година, тој го повика Киев „да го подигне белото знаме и да преговара“ за завршување на војната „пред ситуацијата да се влоши“.

Украина жестоко го обвини папата дека го „легализира правото на силните“ и го повика на разговор амбасадорот на Ватикан.

Слични содржини