Ас на Реал Мадрид заигра за прв пат од 2023 година

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Давид Алаба (33), дефанзивецот на Реал Мадрид и капитен на австриската репрезентација, конечно се врати на терените. Тоа е главната приказна од натпреварот Реал – Лас Палмас (4:1) во 20. коло од Ла Лига.

Враќањето на Алаба по една година и месец отсуство поради тешка повреда ја засени победата на Реал и враќањето на првото место на табелата пред Атлетико. „Кралевите“ имаат и седум бода предност пред најголемиот ривал – Барселона.

Алаба, незаменливиот централен бек на Реал Мадрид, кој игра и како лево крило, се здоби со една од најтешките повреди во фудбалот на 17 декември 2023 година. По половина час од натпреварот против Виљареал тој ги скина вкрстените лигаменти.

Се очекуваше дека неговата пауза ќе биде долга, но не и дека ќе трае толку долго. Тој требаше да се врати во ноември минатата година, но ситуацијата му се искомплицира, па враќањето прво беше одложено за декември, а потоа и за јануари годинава.

Кога Алаба конечно влезе на теренот во 76. минута од натпреварот против Лас Палмас, беше пречекан со овации од „Бернабеу“ и големо олеснување од соиграчите, тренерот и управата. Причината за ова е што Реал веќе втора сезона по ред има огромни проблеми со сериозни повреди на клучните играчи, особено на дефанзивците.

Затоа со нетрпение се чекаше и бурно се прослави враќањето на Алаба.

Слични содржини