Косовец се обидел да шверцува 48 илјади пара чорапи преку „Блаце“

од Nikola Popovski
14 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик.

На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација.

Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.

Слични содржини