(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп присуствуваа на богослужба во црквата „Св. Јован“

од Milan1
22 прегледи

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп присуствуваат на приватна богослужба во епископската црква „Свети Јован“ во близина на Белата куќа, заедно со новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс, јави Си-Ен-Ен.

Историската црква „Свети Јован“ во Вашингтон, често е нарекувана „Претседателската црква“.

Оваа традиција, која трае веќе 92 години, и е еден од најприватните настани на денот на инугурацијата, со оглед на тоа што во црквата се забранети камери.

Службата за прв пат ќе ја предводи пречесниот Роберт Фишер, кој во последните недели работеше со тимот на Трамп на планирање на оваа интимна церемонија.

По богослужбата, Трамп ќе му се придружи на Бајден на чај во Белата куќа, а потоа ќе биде пренесен на церемонијата на положување заклетва со претседателот во заминување.

Модерната традиција на присуство на богослужба на Денот на инаугурацијата започна со Френклин Делани Рузвелт во 1933 година.

Службата најчесто се одржува во епископската црква „Свети Јован“, во близина на Белата куќа, но претседателот Џо Бајден присуствуваше во катедралата „Свети Матеј“ на инаугурацијата во 2021 година.

Слични содржини