Трамп и објави „војна“ на вакцинацијата

од Milan1
35 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на својот инаугуративен говор најави укинување на „цензурата“, но и крај на политиката на ДЕИ – различност, еднаквост и инклузија.

„После години и години незаконски и неуставни федерални напори за ограничување на слободата на изразување, ќе потпишам извршна наредба веднаш да ја прекинам сета владина цензура и да ја вратиме слободата на говор во Америка“, рече Трамп.

„Оваа недела, исто така, ќе ставам крај на политиката на владата за обид за општествено инженерство на расата и полот во секој аспект од јавниот и приватниот живот. „Ќе имаме општество кое ќе се заснова на заслуги“, рече 47-от претседател на САД.

За време на својот говор тој се осврна и на вакцинацијата против коронавирус.

„Од денес па натаму, официјална политика на владата на Соединетите Држави ќе биде дека има само два пола, машки и женски. Оваа недела ќе ги вратам на работа сите припадници на војската кои беа неправедно отпуштени поради приговарање на вакцинацијата против Ковид-19. Ќе потпишам наредба да ги спречиме нашите воини да бидат подложени на радикални политички теории и општествени експерименти додека се на должност. Тоа веднаш ќе заврши“, категоричен беше Доналд Трамп.

Слични содржини