Доналд Трамп, од неодамна и официјално 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, изнесе две лажни тврдења во својот говор за време на церемонијата на инаугурација.
Трамп прво рече, како што објави Си-Ен-Ен, дека рекордно високата инфлација била забележана во САД за време на владеењето на Бајден.
Точно е дека стапката на инфлација во САД достигна највисоко ниво во последните 40 години во јуни 2022 година, кога беше 9,1 отсто. Сепак, тоа е далеку од апсолутниот рекорд од 23,7 отсто, поставен во 1920 година. (Исто така, стапката на инфлација значително опадна оттогаш. Последните достапни податоци покажуваат дека во декември, инфлацијата во САД беше 2,9 проценти.)
Уште едно лажно тврдење на Трамп беше истакнато од Би-Би-Си. Во него, Трамп го спомна Панамскиот канал, нарекувајќи го „глупав подарок што никогаш не требаше да и се даде“ на Панама. Тој погрешно тврдеше дека Кина го управува Панамскиот канал.
„Не и го дадовме на Кина. Ние го враќаме назад“, рече Трамп, привлекувајќи аплауз од своите поддржувачи, додека Бајден и Харис останаа без израз во публиката.
Претходно овој месец, претседателот Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена сила за повторно заземање на Панамскиот канал. За време на прес-конференцијата тој изнесе и лажно тврдење дека Панамскиот канал е управуван од кинески војници?!