Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во драматичниот прв натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14.
По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22. Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при 27:27, а во следниот напад Австрија реализира за водство. Марко Митев изедначи, за на четири секунди до крајот противникот да постигне гол. Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.
Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со шест и Жарко Пешевски со пет гола.