36
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе одговори „силно“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп почне да спроведува царини за Канада.
Трудо им рече на новинарите дека „сè е на маса“, објави „Си-Ен-Ен“.
„Доколку се воведат нефер царини, ние ќе одговориме силно и ќе бидеме таму за да ги поддржиме Канаѓаните и да ги заштитиме нашите интереси“, рече Трудо.