Почна периодот за номинации на дела за четвртото издание на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“.
Целта на изборот „Штефица Цвек“ е да се слави колективното влијание на дела кои ги предизвикуваат конвенциите, поттикнуваат критичка мисла и нудат нов поглед на актуелните прашања на нашето време.
Изборот се истакнува со својата посветеност на афирмација на бунтовни писателски и читателски практики, вклучувајќи феминистички, квир, деколонијални, класни и еколошки перспективи.
Името на оваа иницијатива е инспирирано од Штефица Цвек, антихероина од романот Во челустите на животот на Дубравка Угрешиќ – лик кој ги исмева клишеата за тоа како жените треба да изгледаат, да се однесуваат или да живеат. Овој избор претставува простор за жени и квир автор(к)и, истиснати од книжевниот канон, кои ги предизвикуваат старите наративи и создаваат нови – еманципаторни, смешни, сурови, бизарни и неверојатно човечки.
Минатата година меѓу добитниците на ова регионално книжевно признание беа и нашите писатели, Лидија Димковска, Калиа Димитрова, Стефан Алијевиќ и Ана Аврамовска.
Критериуми за номинација
Делата треба да бидат објавени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година.
Да бидат објавени на македонски јазик или на еден од јазиците од регионот (БЦХС).
Да содржат силна феминистичка, квир, деколонијална, неомарксистичка или еколошка димензија.
Се прифаќаат романи, збирки раскази, стихозбирки, драмски текстови, дела за деца и млади, како и интержанровски дела.
Делата можат да бидат издадени преку издавачка куќа или самостојно.
Како да номинирате?
Секој предлагач може да номинира до шест дела, пополнувајќи го формуларот за номинации. Крајниот рок за испраќање номинации е 30 јануари 2025 година, до 23:59 часот.