Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане е подготвен на секакви отстапки за да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на германскиот интернационалец истекува на лето, а тој се уште нема добиено понуда за нова.
29-годишниот е подготвен да преземе намалување на платата и да им се посвети на Баварците само две сезони. Дополнително, тој ќе се согласи платата да одговара на неговиот настап на теренот.
Во моментов Сане одбива да слуша понуди од други клубови.
„Секако, клубовите ме контактираа за да дознаат за мојата ситуација. Сите го знаат мојот став на оваа тема. Во моментов нема да разговарам за ништо, туку ќе се фокусирам на Баерн и ќе се обидам да бидам што е можно поуспешен со тимот“, изјави Сане за Билд.
Оваа сезона Лерој Сане забележа 22 настапи за Баерн во сите натпреварувања и постигна седум гола.