Ричард Гир направи огромна животна промена во осумдесеттите и се пресели во Шпанија. За сè е „виновна“ неговата сопруга Алехандра Силва, која сакала да ги напушти САД и да ги одгледува своите деца во нејзината родна земја.
Парот си најде нов дом во Мадрид и често споделува идилични семејни моменти од прекрасната Шпанија, во кои уживаат со своите синови, петгодишниот Александар и четиригодишниот Џејмс.
Во новото издание на магазинот „Ел“ открија дека се „посреќни од било кога“, и покрај тоа што се преселиле и тоа што ги делат 33 години.
„Ова е нашиот момент. Ние сме посреќни од било кога. Таа затоа што е дома, а јас затоа што ја гледам среќна“, изјави 75-годишниот Ричард Гир, на што Алехандра додаде: „Ние сме сродни души. Имаме исти вредности и поглед на животот и уште од првата средба се чувствувавме како да се познаваме долго време. Вакви работи ретко се случуваат, нас нè зближува кармата од минатите животи“.
Убавата 41-годишна Шпанка проговори и за тоа каков татко е славниот актер.
„Ричард е многу присутен и посветен татко. Сака да им чита приказни на децата. Знам дека звучи малку идилично, но тоа е вистина. Тој е одличен татко. Тој само не готви. Но, кога јас готвам, тој свири на гитара“.
Таа откри и како ги поврзува општествениот активизам, поради што уште повеќе се заљубуваат еден во друг. Врската ја започнаа во 2014 година, во време кога и двајцата минуваа низ развод.
Тие се венчаа во април 2018 година.