Американскиот претседател Доналд Трамп доби одговор од Русија откако го предупреди рускиот лидер Владимир Путин брзо да ја прекине војната во Украина или да се соочи со, како што рече, високите даноци, царини и санкции.
„Не сакам да и наштетам на Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Путин. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија помогна и победивме во Втората светска војна“, губејќи речиси 60 милиони животи во тој процес“, напиша Трамп.
„Доколку не постигнеме „договор“ и наскоро, нема да имам друг избор освен да наметнам високи даноци, тарифи и санкции за сè што Русија ќе им продаде на САД и на разни други земји учеснички. Да ставиме крај на оваа смешна војна,.” напиша Трамп.
Заменик-амбасадорот на Русија во ОН Дмитриј Полјански рече дека Москва ќе мора да види што мисли американскиот претседател Доналд Трамп со „договорот“ за ставање крај на војната.
Не станува збор само за завршување на војната. Се работи, пред сè, за решавање на основните причини за украинската криза. Значи, треба да видиме што значи „договор“ во разбирањето на претседателот Трамп. Тој не е одговорен за она што САД го прават во Украина од 2014 година, правејќи ја „антируска“ и подготвувајќи се за војна со нас, но сега е во негова моќ да ја запре оваа злонамерна политика, изјави Дмитриј Полјански.