🎥„50 Cent“ ја прифаќа желбата на Јокиќ: Се предлага невиден спектакл

од Nikola Popovski
67 прегледи

Никола Јокиќ е во центарот на вниманието поради настапите на теренот, а само повремено можеме да видиме како изгледа неговиот приватен живот. Долго време не знаевме ништо за него освен дека сака коњи и повремено сака да се забавува…

Неговиот соиграч од Денвер, ДеАндре Џордан откри дека Јокиќ знае една американска песна од почеток до крај, односно од првиот до последниот збор.

Во прашање е „Мany Men“ на познатиот 50 Cent, рапер кој беше неверојатно популарен на почетокот на 21 век. Неговите песни беа пуштени насекаде во времето кога Јокиќ бил се уште во основно училиште, па не е чудно што е фасциниран од познатиот рапер и песната од неговиот албум „Get Rich or Die Tryin’“.

По тој повод, се огласи и самиот „50 Cent“.

„Ако рече дека ќе ја изведе песната, ќе настапиме заедно. Ќе го поддржам, атмосферата ќе биде одлична“, напиша 49-годишниот рапер на својот профил на „X“.

Добитникот на Греми наградата реагираше откако српскиот кошаркар зборуваше на ТНТ во разговор со Шекил О’Нил. Јокиќ негираше дека ја знае песната од почеток до крај, но тврдеше дека можел да ја научи за три или четири месеци. Сепак, се чини дека тоа ќе мора да го направи многу побрзо.

„Би било одлично да ја изведеме заедно со „Фифти“, кажал Јокиќ во разговорот.

Слични содржини