Трамп шокираше: ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ АМБАСАДОР ВО ЕУ – сопруга го обвинила за семејно насилство

од Nikola Popovski
44 прегледи

Американскиот претседател, Доналд Трамп во средата го именуваше Ендрју Пуздер, поранешниот извршен директор на компанијата за брза храна „Hardee’s and Carl’s Jr“ за американски амбасадор во ЕУ, додека агентот кој беше присутен за време на обидот за атентат врз него во Пенсилванија во јули беше именуван за шеф на Тајната служба.

– Енди е адвокат, бизнисмен, економски коментатор и автор на бестселери, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

– Во 2000 година беше назначен за извршен директор на CKE Restaurants, матичната компанија на меѓународниот ланец ресторани за брза храна Carl’s Jr and Hardee’s. За време на неговите 17 години на чело, Енди ја извлече компанијата од тешката финансиска ситуација и ѝ овозможи да опстане – додаде Трамп.

Според него, „Енди ќе заврши одлична работа застапувајќи ги интересите на нашата нација во овој важен регион“.

Старо-новиот американски претседател има тешки односи со Европската унија, пишува Франс прес. За време на неговата претседателска кампања, Трамп остро го осуди трговскиот дефицит со ЕУ и ги спореди со „мала Кина“ која профитира од водечката светска економска сила.

Во својот прв мандат, Трамп го номинираше Пуздер за секретар за труд во 2017 година, но тој не можеше да ја преземе должноста бидејќи поднесе оставка поради повеќе скандали. Неговата поранешна сопруга го обвинила за семејно насилство, но подоцна го повлекла обвинението. Веќе Признал дека незаконски вработил куќна помошничка.

Пуздер работел како адвокат во сојузната држава Мисури, а познат е како противник на абортусот. Неговото назначување мора да биде потврдено од Сенатот.

Слични содржини