11
Претставничкиот дом на САД го усвои првиот предлог-закон на претседателот Доналд Трамп, со кој се бара апсење на илегални имигранти обвинети за кражби и насилни злосторства.
Законот беше донесен со 263 гласа „за“ и 156 „против“, со поддршка на 46 демократи и 217 републиканци, пишува Гласот на Америка.
Предлогот, именуван по Лејкен Рајли, девојка од Џорџија која беше убиена минатата година од илегален имигрант од Венецуела, сега треба да биде потпишан од Трамп пред да стапи на сила.