Николоски тврди дека ова е прва Влада која за седум месеци нема ниту еден корупциски скандал

од Nikola Popovski
41 прегледи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски тврди дека Македонија ќе биде број еден по економски раст во регионот во 2025 година. Николоски додава дека тоа се должи на добрата економска политика што ја води Владата, а која е во корелација со политиката што ја води за борба против корупцијата и криминалот.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски оценува дека македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, а дека борбата против корупцијата има огромно влијание врз економскиот раст.

„Ова е прва Влада која нема ниту еден корупциски скандал за седум месеци, што не е мал подвиг, а имунитетот од корупција ќе донесе добри економски резултати, бидејќи бизнисот сака средина која не е корумпирана. Во оваа насока активностите на судството и обвинителството треба да се следат, каде ќе одговараат претходно корумпираните. Се надевам дека ќе бидат многу поактивни отколку што се сега“, изјавил Николоски во дебатна емисија.

Слични содржини