Коло Муани откри кој го убедил да го избере Јувентус

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Новото засилување на Јувентус, Рандал Коло Муани, откри дека разговорите со тренерот на тимот Тиаго Мота го убедиле да го избере гигантот од Торино да ја игра сезоната како позајмен од Пари Сен Жермен. Како што е познато, францускиот напаѓач не беше баран само од „Старата дама“, туку и од Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

„Многу сум среќен што сум тука во овој легендарен клуб. Горд сум што го носам овој дрес и играм пред овие навивачи. Има многу француски фудбалери кои испишаа историја овде. Секако, меѓу нив е и Зинедин Зидан, а мене ми се допаѓа и Давид Трезеге. Од поблиското минато мислам на Пол Погба, а сега на Кефрен Турам му оди добро овде. Мило ми е што дојдов овде. Поминав многу време разговарајќи со тренерот. Тој ми кажа се за играчката филозофија овде и тоа ме натера навистина да сакам да потпишам. Едвај чекам да почнам да тренирам и да излезам на теренот.

Немам преференци на која позиција да играм, само сакам да бидам на теренот. Ќе играм каде и да каже тренерот. Кога би требало да бирам, би рекол како централен напаѓач. Таму најдобро се изразувам. Серија А е многу тешко првенство. Мислам дека би уживал да се борам на теренот. Тука играв за Франција против Италија. Тоа беше одличен натпревар со многу тензии. Ова е токму она што го сакам. Подготвен сум и едвај чекам. Се надевам дека наскоро ќе ги видам навивачите на стадионот“, изјави Коло Муани во првото интервју за клупската телевизија.

Слични содржини