8
Повеќе од 550 мигранти пристигнале со брод на шпанските Канарски острови во изминатите два дена, соопшти шпанската поморска служба. Во еден од чамците било пронајдено едно тело.
Во првата половина на јануари во Шпанија по морски пат пристигнале 3.409 мигранти, од кои повеќето на Канарските острови, покажуваат податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи.
Сличен број мигранти илегално пристигнале во истиот период лани.
Во 2024 година, Шпанија прими 61.000 луѓе кои нелегално пристигнале со брод, од кои 47.000 пристигнале на Канарските острови.
Меѓу нив имало и неколку илјади малолетници без придружба.