Трамп: Не сум сигурен дека САД треба да трошат пари за НАТО

од Milan1
18 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека не е сигурен дека САД треба да трошат пари за НАТО. Според него, САД ги штитат земјите-членки на НАТО, но тие не ги штитат САД, пренесе Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека Трамп долго време барал од другите членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, откако со години не успеале да ја исполнат целта од два отсто од бруто домашниот производ.

Трамп рече дека земјите-членки треба да потрошат пет проценти од БДП за одбрана, што е значително зголемување од сегашната цел од два проценти, што, според Ројтерс, не е исполнето од ниту една земја членка на НАТО, вклучително и САД.

Слични содржини