Ди Каприо има чудни навики во кревет: Плејбој манекенка ги откри бизарните фетиши на познатиот актер

од Nikola Popovski
130 прегледи

Хике Конингс, 22-годишната Плејбој манекенка, изнесе неколку интересни пикантерии за холивудскиот заводник Леонардо ди Каприо кои нема да му се допаднат. Холандската манекенка се отвори за бакнежот со актерот и неговите чудни навики во кревет.

Двајцата се запознале во клуб во Лос Анџелес во кој може да се влезе само со покана. Во еден момент ѝ пришол менаџерот на Ди Каприо и ѝ рекол дека актерот сака да ја запознае, пишува „Дејли Мејл“.

Конинг му кажала на Ди Каприо дека знае дека излегува само со убавици помлади од 25 години, на што тој одговорил: „Виновен сум!“

„Потоа се бакнавме, беше во ред, но ни блиску до најдобриот бакнеж во мојот живот. Ме покани да си одам дома со него, но јас одбив. Беше шокиран, не беше навикнат, претпоставувам, но беше љубезен“, изјавила манекенката.

После тоа, тој ѝ пришол на друга девојка и отишол дома со неа. Некои од моите пријателки спиеја со Леонардо и рекоа дека тој има бизарна навика во кревет. Една ми рече дека цело време држел слушалки во ушите „за да не мора да ја слуша“, а на друга ѝ ставил перница над главата“, открила Хике.

„Дефинитивно е премногу стар и премногу чуден“, заклучила Плејбој манекенката.

Слични содржини