Ставот на Опра Винфри за слабеењето ја разбесни јавноста

од Nikola Popovski
169 прегледи

Опра Винфри (70) сними нова епизода од „The Oprah Podcast“. Во него таа разговараше со ендокринологот Ања Јастребоф за ефектите на лековите за слабеење врз телото, а откри и некои детали за нејзиниот процес на слабеење.

„Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав лек за слабеење е дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја“. Дека јадат подобра храна, полесно се држеле до неа, никогаш не јаделе чипс. И тогаш сфатив дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, рекла Опра.

Исечко од подкастот беше објавен на профилот н аИнстаграм на Опра, каде што беа добиени бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои веруваа дека она што го кажа Опра не важи за сите луѓе.

„Слабите луѓе постојано размислуваат и за храна, но се трудат да ги решат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување до диета/рутина и тоа долго време“, „Само затоа што си се приклучила на новиот тренд не значи дека треба да зборуваш како твојата перцепција за реалноста да е конечна“, „ Ова ме налути“, ѝ напишале незадоволните луѓе.

Да потсетиме, иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и открила дека ослабела 20 килограми. „Не можев повеќе да вежбам. Не можам да се искачам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк дневно. Не можев да сторам ништо друго“, објаснила таа еднаш.

Слични содржини