Селена Гомез, американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, се расплака на една приказна на Инстаграм поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите.
„Жал ми е“, напиша таа покрај емотикон со мексиканско знаме.
„Сите мои луѓе се напаѓани, и децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе се обидам да направам се, ветувам“, изјави Селена.
Актерката, која е родена во Тексас, неодамна проговори за миграцијата на нејзиното семејство во 1970-тите кога нејзината тетка ја преминала границата од Мексико во Америка скриена во задниот дел на камион.
„Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум роден во оваа земја благодарение на моето семејство. Но, кога читам вести или дискусии за имиграцијата, чувствувам страв за оние во слични ситуации, Се плашам за мојата земја“, рече таа неодамна.
Пред да ја преземе функцијата, Трамп најави масовни депортации на мигранти без документи во Америка. Националната акција против мигрантите во неделата, на 26 јануари, резултираше со апсење на 956 лица, најмногу откако Трамп се врати на власт, според Службата за имиграција и царина (ICE).
Мексико минатата недела прифати депортирани мигранти од немексиканско потекло, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, спротивно на претходната најава дека ќе се спротивстави на тоа.
Шеинбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека огромното мнозинство од нив се Мексиканци. Оваа бројка вклучува луѓе испратени од САД сп четири лета.
Селена ја поддржа Камала
Селена и даде поддршка на Камала Харис на претседателските избори во САД. По победата на Трамп, Селена сподели цитат од американската писателка и феминистка Одр Лорд. Цитатот гласи: „Не можам да бидам слободен додека која било жена не е слободна, дури и ако нивните синџири се различни од моите“. Таа со цитатот додаде: „Тешко ми е денес“.