Атлетико Мадрид имаше малку разочарувачка сезона во последните десет дена бидејќи ја загуби предноста пред Реал Мадрид во Ла Лига, но тоа не го менува фактот дека тие се уште се на врвот не само на шпанскиот, туку и на европскиот фудбал. И ова во голема мера е благодарение на тренерот Диего Симеоне, кој со „јорганџиите“ работи од декември 2011 година.
Иако потпиша договор до јуни 2026 година со дополнителна година, Симеоне размислувал за заминување на крајот од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми. Тие истакнуваат дека Аргентинецот со години одбивал понуди од Премиер лигата, но сега размислува да прифати една уште во април и да го напушти „Ванда Метрополитано“.
Раководството на Атлетико е информирано за ова и веќе има подготвена алтернатива – Унаи Емери. Одличниот стручњак одлично си ја врши работата со Астон Вила, но се знае и дека најмногу сака да работи во Шпанија.
„Господин Лига Европа“ ги водеше Алмерија, Валенсија, Севиља и Виљареал, а на ред е една од „големите три“ екипи. Атлетико би бил вистинската средина за него, а уште една работа што го тера Емери да сака да биде во неговата родна земја е клубот Реал Унион, кој го поседува.