BMW: Големите дисплеи во внатрешноста на возилата не се решение!

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Идните модели на BMW ќе имаат т.н Panoramic iDrive, комбинација од инфозабавен екран во облик на дијамант на традиционалната локација на централниот гребен и head-up дисплеј што се протега низ речиси целата ширина на кабината, под шофершајбната.

Шефот за развој на BMW, Френк Вебер, не верува дека решението е додавањето на сè поголеми екрани. Тој додава дека поголемите екрани во автомобилите можат да ги дефокусираат возачите од она што се случува на патот.

„BMW ве поврзува со воланот, воланот е поврзан со возилото, возилото е поврзано со патот и тоа е нешто што го очекувате од BMW“, изјави Вебер за Motor Authority.

Начинот на кој возачите комуницираат со новиот систем на BMW исто така ќе биде различен. BMW потврди дека ќе го отфрли традиционалниот контролер iDrive на централната конзола. Не беше откриена редизајнирана конзола, но постариот потпретседател за кориснички интерфејс и UX на BMW Group, Стефан Дурач, потврди дека ќе има физички копчиња за основните функции. Главниот инфозабавен екран е осетлив на допир, а многу контроли се преместени на воланот со четири краци.

Тенкиот панорамски екран ќе може да се прилагоди, со шест големи слотови за виџети и не помалку од 22 опции за виџети. Ако возачот сака минималистички изглед, може дури и да ги исклучи двата сегменти на совозачката страна на екранот. Првиот модел што ќе дебитира со Panoramic iDrive ќе биде втората генерација на iX3. Вебер вели дека големината на екранот може да варира од возило до возило.

Сега ни е јасно што сака да каже г-дин Вебер, но новиот ентериер на BMW се чувствува и како контролна соба во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон… Не е баш скромно со дигиталните технологии.

Слични содржини