(ВИДЕО) Големи протести во Нови Сад

од Milan1
38 прегледи

Студенти и граѓани организираат протест пред просториите на Српската напредна партија на булеварот Ослобоѓења во Нови Сад. Од овие простории излегоа напаѓачите кои синоќа претепаа студенти во тој град.

Долгта колона студенти тргнаа од универзитетскиот кампус, правејќи многу врева со вувузели, труби и тапани. Ним им се придружија земјоделците на трактори, како и голем број мотоциклисти, кои исто така направија голема врева. На протестот организирано дојдоа и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители, пренесува Нова.рс.

Обезбедувањето, главно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС за да спречат какви било инциденти.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите родители, поранешни студенти, работници и студенти кои дојдоа да не поддржат за никој од нас да не заврши како невината Ана, која беше брутално претепана од насилниците на СНС во 3 часот по полноќ“, изјави еден од студентите, а пренесува „Бета“.

Тој преку мегафон порача и дека „таква неправда никогаш не смее да се повтори“.

„Ана не е само студентка, не е само наша колешка. Ана е симбол на отпорот и борбата за правда за сите нас. Ова не е само напад врз нас, ова е напад на целата идеја за слобода и правда, за нормално општество за кое се бориме“, рече еден од студентите.

Демонстрантите носеа транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на какоа што велат режимот за дијалог.

Слични содржини