Левица го поддржува бојкотот на маркетите: Одговорноста целосно лежи во Владата

од Milan1
29 прегледи

Партијата Левица изрази поддршка за најавениот граѓански бојкот на големите трговски ланци, најавен за 31 јануари. Тие потенцираат дека власта треба итно да ги ограничи маржите на трговците.

„Левица ја искажува својата поддршка за најавениот бојкот кон маркетите, што е своевидна кулминација на неспособноста на власта да стави крај на алчноста на трговците! Народот заслужува праведна економија, а не да биде заложник на монополи и профитерство. Сметаме дека бојкотот е легитимна форма на граѓански притисок, особено кога се соочуваме со манипулативно однесување на крупниот капитал и трговските монополи. Она што го видовме во Хрватска е пример за тоа како организираниот отпор може да предизвика реакција од трговците.

Потенцираме дека одговорноста целосно лежи во Владата, која е должна да изнајде долгорочни решенија за заштита на куповната моќ и регулирање на цените. Но, досега гледаме како власта предводена од Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал, чие богатење на грбот на граѓаните во континуитет го толерира. Наместо да глуми опозиција и да бојкотира, ДПМНЕ треба да понесе одговорност и веднаш да ги ограничи маржите! Иако Законот за нефер трговски практики беше чекор напред, истиот очигледно е недоволен и неправилно се имплементира. Затоа сметаме дека бојкотот може да делува како сигнал до трговците, но и до власта, дека граѓаните се незадоволни и свесни за манипулациите. Сепак, без системски мерки од страна на Владата, како воведување на поголеми даночни обврски за монополи, контрола на маржите и заштита на домашното производство, бојкотот ќе биде само привремено решение“, велат од Левица.

Слични содржини