9
Porsche постави уште еден Гинисов рекорд. Јенс Рихтер, возејќи го електричниот Taycan GTS, го заврши „најдолгото непрекинато лизгање на мраз со EV“ за 46 минути.
Рихтер за тоа време помина 17.503 километри, надминувајќи го претходниот рекорд од 14.809 километри.
Настанот се одржа во Арктичкиот центар на Porsche во Финска, 150 километри северно од Арктичкиот круг, каде Porsche Experience тимот napravi дрифт круг со дијаметар од 59 метри.
Taycan GTS има вкупна моќност до 690 КС (за време на overboost) и забрзува од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди.