Самостојна изложба „Линии и бои (интроспекции)“ на Христо Петрески во МКЦ

од Aneta Risteska
11 прегледи

На роденденот на Гоце Делчев, на 4 февруари, во Галерија 2, со почеток во 20 часот, ќе се одржи самостојната ликовна изложба “Линии и бои (интроспекции)” на писателот Христо Петрески, кој активно се занимава и со сликарство и ликовна критика.

По свеченото отворање на изложбата, ќе настапат поголем број македонски писатели кои ќе читаат своја родољубива поезија.

Проф. д-р Христо Петрески досега има излагано свои ликовни дела на повеќе од 20 самостојни ликовни изложби (во Скопје, Радовиш, Битола, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Штип, Куманово, Прилеп, Охрид, Струга, Демир Хисар, Аранѓеловац, Шибеник…) и има учествувано на три меѓународни ликовни колонии (во Битола, Пелинце и Врањска Бања).

Основач е на традиционалната Мултимедијална колонија во Битола, како и на Галеријата на познатите во Скопје. Автор е на книгата “Ликовната уметност е она што (не) се гледа”.
Меѓународното списание “Диоген про култура” посвети цел тематски број за ликовното творештво од Христо Петрески.

Слични содржини