🎥Хајди Клум горда што нејзиниот 19-годишен син тргна по нејзините стапки

од Nikola Popovski
69 прегледи

19-годишниот Хенри Самуел ја отвори модната ревија на белгиско-мароканската дизајнерка Лена Ерзиак, а Хајди го следеше, седејќи во публиката и гледајќи го нејзиниот син како чекори во модниот свет.

Во тек е Париската модна недела, што значи дека сите познати лица од модната индустрија дојдоа во француската престолнина за да присуствуваат на претставувањето на модните новитети кои ќе доминираат на сцената во наредните месеци. Во Париз пристигна и Хајди Клум, а овој пат нејзиниот фокус не беше облеката, туку синот.

19-годишниот Хенри Семјуел реши да ги следи стапките на својата мајка како модел, што ја прави Клум, се разбира, многу горда.

Во вторникот, Хајди сподели видео на Инстаграм што го снимила за време на ревијата во хотелот Ле Мароа, прикажувајќи го дебито на нејзиниот син на ревијата во Париз.

-Се гордеам со тебе, Хенри – Отворање на шоуто „Тhe Lena Erziak Haute Couture“ во Париз, објавила Клум.

 

Патем, Хенри не е единствениот во семејството кој решил да влезе во „водите“ на модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Ќерката на Хајди, Лени со години се занимава со манекенство, а на својот помлад брат му дала корисни совети како да се однесува на модната писта.

Слични содржини