Стана јасно колку пари ќе заработува Нејмар во Сантош по раскинувањето на договорот со Ал-Хилал кој вредеше 130 милиони фунти годишно. 32-годишниот Бразилец се согласи да потпише шестмесечен договор со клубот на Пеле за да ја рестартира кариерата и да обезбеди место во тимот на Бразил за Светското првенство во 2026 година.
Финансиски, новиот договор на Нејмар со Сантош вклучува основна плата од приближно 135.507 фунти месечно, надополнета со 90% од неговите имиџ права.
Структурата на овој договор го отсликува успешниот договор од неговиот претходен престој во Сантош помеѓу 2010 и 2013 година. Во тоа време, Нејмар заработуваше основна плата од 40.683 фунти, но заработуваше околу 429.147 фунти месечно благодарение на задржувањето на 90% од имиџ правата.
Сега се очекува Нејмар да заработува околу 820.000 фунти месечно. Според De Primeira преку UOL Esporte, тоа би значело дека основната плата на Бразилецот би претставувала 18% од неговата вкупна годишна заработка.