Борусија Дортмунд има нов тренер: Ковач и официјално на клупата на „милионерите“

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Борусија Дортмунд има нов тренер. Нико Ковач и официјално ги презеде „милионерите“, соопштија челниците на клубот.

Оваа вест ја соопшти Ларс Рикен по натпреварот од последното коло од првата фаза на Лигата на шампионите помеѓу Борусија и Шахтјор (3:1).

„Постигнавме прелиминарен договор со Нико Ковач, тој ќе го преземе тимот од недела“, изјави Рикен.

Ковач на клупата на „милионерите“ ќе дебитира на 8-ми февруари на мечот против Штутгарт, кој Борусија го игра пред своите навивачи, додека првиот меч, против Хајденхајм на гости, ќе го одигра Данецот Мајк Тулберг, кој е на клупата како привремено решение по отказот на Нури Шахин.

Борусија е само на 11. место на табелата, поради што тимот се реши за промена на тренерот. Во Лигата на шампионите, екипата го заврши првиот дел од натпреварувањето на десеттото место со 15 бодови.

Слични содржини