Димитриеска Кочоска апелира до трговците да ги почитуваат законите, во спротивно ќе следуваат „драконски казни“

од Nikola Popovski
49 прегледи

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повтори ставот дека на Економскиот-социјален совет ќе разговараат работодавачите и работниците, а Владата ќе го следи процесот и ќе прифати се што ќе се договорат двете страни околу зголемувањето на минималната плата во земјава.

-Тоа што е обврска што треба да си платат кон државата, ќе треба да си го платат. Сметаме дека давачките не се највисоки. Имаме придонеси кои што се многу пониски од придонесите во соседството, методологија која што е прифатлива и подобра во однос на оние во соседството, така што не сметам дека треба нешто да менуваме во тој дел, кажа министерката запрашана дали ќе прифатат ако треба да плаќаат и дел од придонесите, како што бараат Коморите.

Димитриеска-Кочоска беше запрашана и за бојкотот на големите ланци на супермаркети поради високите цени на производите.

-Јас само би рекла да се почитуваат законите затоа што, точно е можеби во периодов, во одредени државни институции заради лимити во капацитетите, не можеле да излезат и да ги исконтролираат состојбите, но, знаете дека кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува за вечно. Ние можеме да отидеме и после 12 месеци од денес и да направиме контрола и доколку утврдиме, ќе бидат казнети. Апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите и ништо повеќе од тоа. Во некој момент, било кој од институциите ќе излезе на терен, ќе направи контрола, ќе се врати назад и ќе следат драконски казни, кажа министерката.

Слични содржини