Предупредување за нов ризичен „Парацетамол предизвик“ на TikTok

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа TikTok.

Како дел од „предизвикот“, младите и децата се предизвикуваат меѓусебно да земаат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, објави Swissinfo.

Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на млади луѓе.

Слични содржини