Полска најавува изградба на ветерни електрани во вредност од 7,15 милијарди евра

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск го најави отпочнувањето на проектот на паркот со ветерници во Балтичкото Море, доверен на данскиот Ørsted и полскиот PGE, вреден 30 милијарди злоти (7,15 милијарди евра).

Проектот наречен „Baltica 2“ ќе биде лоциран на 190 квадратни километри море, на 40 километри од брегот, меѓу градовите Устка и Чежев. Ќе се состои од 170 турбини на ветер, со очекуван вкупен капацитет од 1,5 гигавати.

Проектот се планира да започне оваа година, а да биде пуштен во употреба во 2027 година.

Проектот ќе биде имплементиран од конзорциум од Ørsted и полската групација PGE, во кои секој има по половина удел.

Ørsted ќе го финансира својот удел со сопствени средства, додека полската групација се потпира на домашни и меѓународни заеми, вклучително и заеми од европските банки ЕИБ и ЕБРД, како и на фондовите на ЕУ од Планот за закрепнување после Ковид, се вели во соопштението на PGE.

Туск им рече на новинарите дека „огромната инвестиција е само дел од гигантскиот проект во полскиот енергетски сектор“, кој се очекува да донесе капацитет до 18 гигавати до 2040 година.

Слични содржини