Израел денеска ослободи 183 палестински затвореници

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Израелската затворска служба објави дека го завршила ослободувањето на 183 палестински затвореници, објави Тајмс оф Израел.

Како што е наведено, некои од затворениците биле префрлени од затворот Офер на Западниот Брег, додека други биле испратени од затворот Кециот во Појасот Газа.

Претходно денеска Хамас му предаде тројца израелски заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Слични содржини