Астон Вила со две бомби во „пет до 12“!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Маркус Рашфорд и Марко Асенсио ја засилуваат Астон Вила!

Како што е најавено, Вила ќе добие две пеколни засилувања од Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, барем до летото, до кога Рашфорд и Асенсио ќе останат на позајмица на Вила Парк.

Јунајтед и Астон Вила го постигнаа следниот договор – клубот од Бирмингем ќе покрива 70% од неговата плата до лето, кога ќе има опција да го откупи за 40 милиони фунти, што е околу 48 милиони евра. Исто така, Рашфорд веќе постигнал договор за три и пол годишен договор, во случај Вила да реши да го откупи на лето!

Фабрицио Романо на крајот додава дека Рашфорд во недела ќе слета во Бирмингем и официјално ќе го засили тимот на Унаи Емери.

Во исто време, на Вила Парк пристигнува и Асенсио, кој исто така ги договорил сите услови, но не се знае колкав би бил потенцијалниот откуп на лето.

Емери на тој начин доби две големи засилувања во продолжението на борбата на повеќе фронтови. Вила е во осминафиналето во Лигата на шампионите и го чека ривалот од плејофот (Клуб Бриж или Аталанта), додека во Премиер лигата се осми со 37 бодови, само четири помалку од четвртопласираниот Сити, па тука се уште е отворено.

Рашфорд и Асенсио имаат можност да дебитираат следниот викенд, в недела од 18.35 часот кога Тотенхем гостува во Вила Парк во ФА Купот.

Слични содржини