22
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека идните квоти за одбранбени трошоци за членките на Алијансата ќе бидат значително над два отсто од бруто домашниот производ (БДП), објавија денеска германските медиуми.
Тој додаде дека одлуката за тоа ќе биде донесена во наредните месеци, пренесе Велт.
Руте рече дека партнерите на НАТО ќе одлучат за конкретни детали во наредните месеци, имајќи го предвид следниот самит на Алијансата во јуни во Хаг.