Сребрениот W196 R „stromlinienvagen“ беше продаден на аукција во Штутгарт за највисока сума платена досега за „гран при“ автомобил – неверојатни 51,15 милиони евра.
Мерцедесот, управуван од легендите на Формула 1, Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо во 1955 година, постави рекорд за тркачки автомобил продаден на аукција.
Еден од само четирите во светот, сребрениот W196 R „stromlinienvagen“ предизвика огромен метеж меѓу колекционерите кога беше објавено дека ќе биде понуден на аукција во Штутгарт.
Проценките беа дека ќе достигне повеќе од 50 милиони евра, што и се оствари. Купувачот не е откриен.
Најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција е Mercedes 300 SLR (Uhlenhaut Coupé) од 1955 година, продаден во мај 2022 година за неверојатни 135 милиони евра.
Претходниот најскап Гран При болид беше уште еден Mercedes W196 од 1954 година, кој беше продаден во 2013 година за 29,6 милиони евра. Петкратниот светски шампион Фанџо го возеше на ГН на Буенос Аирес во 1955 година.
Неговиот тимски колега Мос потоа возеше поширок „стримлајн“ модел на последната трка за ГН во Монца и се повлече откако го постави рекордот за најбрз круг со просечна брзина од 134 милји на час (215 километри на час).