Нов кошмар за Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез беше во солзи додека го изнесуваа на носилки поради повреда на левото колено за време на поразот на „црвените ѓаволи“ од Кристал Палас во Премиер лигата.

Репрезентативецот на Аргентина се здоби со повреда при обидот да се справи со напаѓачот на Палас, Исмаила Сар во 76. минута. Тој се грчеше од болки и долго време остана на теренот, додека соиграчите загрижено го набљудуваа.

27-годишниот Мартинез го напушти Олд Трафорд со аплауз од навивачите, а Јунајтед го загуби натпреварот со 0-2.

„Ќе видиме во наредните денови, но мислам дека ситуацијата е сериозна. Тој не е само одличен играч, туку и силен карактер во соблекувалната. Тој го почувствува тоа и кога сте играч, знаете кога е нешто сериозно. Тука сме да му помогнеме во ова тешко време, како што тој ни помогна нас“, рече менаџерот Рубен Аморим.

Минатата сезона Мартинез исто така имаше сериозна повреда, меѓу кои и оштетување на лигаментите на коленото.

Слични содржини