(ФОТО) „Една од најгрдите работи што сум ги видел“: Данците згрозени од потег на Хрватите, така не се игра ракомет

од Илинка Илиоска
137 прегледи

Данска успеа четврти пат по ред да стане светски првак во ракомет, а генерацијата Матијас Гидсел, Симон Питлик, Расмус Лауге и Емил Нилсен сега во финалето ја победи Хрватска. Можеби и симболично затоа што првото данско злато во ракомет дојде во 2008 година против Хрватите.

Сепак, овој финален натпревар на Мундијалот не можеше да помине без инциденти. Прво исклучување и директен црвен картон заработи Марко Мамиќ во 19. минута од натпреварот кога грубо стартуваше врз Расмус Лауге во контранапад. Само неколку минути подоцна Звонимир Срна го удри Матијас Гидсел по лицето и беше исклучен, а еден од хрватските играчи лут влезе во клинч со Данците.

Сепак, најголемиот инцидент се случи кога Матео Мараш го згазна најдобриот стрелец и играч на овој Мундијал. Додека на земја беше фантастичниот дански среден бек, 24-годишниот десен бек од Сплит, Мараш го стапна новиот ракометар на Пари Сен Жермен. Погледнете го моментот:

Данците бесни, велат дека ова може да се случи во Загреб

Еден од играчите кои најмногу збеснаа за се што се случи беше Сајмон Питлик. Тој во 19. минута прв му истрча на исклучениот Мамиќ по стартот на Расмус Лауге, а по мечот проговори и се пожали на играта на ривалот. Иако хрватските навивачи им викаа на судиите дека се незадоволни од арбитражата, тој имаше што да каже за критериумите.

„Некој треба да им објасни на Хрватите дека така не се игра ракомет. Тие можат да го направат тоа можеби во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Фаулите што ги направија се луди. Само така можат да не победат. Ние успеавме затоа што сме попаметни. Добија глупави исклучувања и играа со премногу емоции. Играа многу добар ракомет, но тоа не беше против нас“, изјави данскиот лев бек.

По повод газењето на Гидсел, кој постигна десет гола на овој натпревар, се огласи поранешниот дански ракометар Клаус Мелер Јакобсен. Тој сега е стручен консултант и беше шокиран од потегот на Мараш.

„Тоа е валкан потег, газење на ногата на противникот така. Таков испад не припаѓа никаде и многу ме налути. Навистина е грдо да се види. Така да стапнеш на зглобот на Матијас Гидсел… Тоа е една од најгрдите работи што некогаш сум ги видел“, рече шокирано.

Слични содржини