🔞📸📽Невиден скандал на Греми наградите: Сопругата на Канје пристигнa гола, двајцата беа исфрлени со полициска придружба

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Канје Вест и Бјанка Ценсори беа изнесени од полицијата во неделата од доделувањето на Греми наградите за 2025 година, откако Ценсори пристигна на црвениот тепих гола, пишува Дејли мејл.

Триесетгодишната дизајнерка, која и претходно привлекуваше внимание со провокативните изданија, се појави во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги шокираше присутните и корисниците на социјалните мрежи.

Бјанка на почетокот самоуверено помина низ тепихот облечена во бунда, но потоа драматично го фрли и им го откри својот гол задник на фотографите.

Таа се сврте за да го покаже голото тело, додека Вест – кој беше номиниран во категоријата за најдобра рап песна – мирно зјапаше во нејзиното голо тело за време на инцидентот со јавно изложување.

Според Дејли Мејл, Ценсори и Вест набрзо биле замолени да го напуштат настанот и биле придружувани од полицијата.

Обожавателите го осудија овој потег на социјалните мрежи, нарекувајќи го „вознемирувачки“, а реакции продолжуваат да доаѓаат, особено со оглед на фактот дека разголените фотографии на Ценсори се шират како шумски пожар на социјалните мрежи.

„Бјанка Ценсори треба да се спаси од овој човек. Ова е навистина вознемирувачко“, „Нема шанси таа всушност да дојде гола“, „Шокантно, но и тажно. Таа е нечија ќерка, а Канје и го пере мозокот“, се само некои од коментарите.

Слични содржини